Најмалку 20 загинати при воздушен напад врз талибански камп во Авганистан

103

Најмалку 20 талибански бунтовници загинаа, а десетици се повредени при воздушен напад врз нивни камп за обука во северниот дел на Авганистан, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана Мохамад Радманиш.

Во врска со нападот се огласија и талибанците, кои тврдат дека во Кундуз било погодено исламско училиште и оти над 100 лица загинале или се повредени, меѓу кои муслимаски свештеници, ученици и други цивили.

– Можам да потврдам дека е бомбардиран тренинг-центар на талибанците, а внатре немаше цивили – изјави Радманиш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...