Срцебиењето е еден од знаците што може да упати на зголемен ризик од прерана смрт. Ризикот од смртта поради зголемен пулс не опаѓа ни кога сте во добра физичка кондиција и сосема здрави.
Нормален пулс се смета срцевиот ритам од 60 до 100 отчукувања во минута.
Редовното вежбање овозможува побавен пулс во мирување, но истражувачите од Данска откриле дека и спортистите и рекреативците имаат забрзан пулс, иако се во завидна телесна кондиција.
Забрзан пулс е оној што е измерен пет минути по престанувањето на физичката активност, а преминува 100 отчукувања. Сепак, научниците нагласуваат дека ризикот за прерана смрт се менува и во рамките на распонот на нормални отчукувања на срцето.
Пулсот измерен при мирување од 51 до 80 отчукувања е поврзан со 40 до 50 отсто зголемен ризик за прерана смрт, во споредба со оние што имаат 50, па и помалку отчукувања во минута. Пулс од 81 до 90 отчукувања во мината го удвојува ризикот, а пулс над 90 отчукувања значи тројно поголем ризик од прерана смрт.
Тоа значи дека со секои 10 до 22 отчукувања повеќе во минута расте ризикот за прерана смрт, се резултатите добиени од студијата спроведена кај средовечни мажи пред 25 години. Шеснаесет години по истражувањето 40 отсто од нив биле мртви, а најголем ризик имале оние со забрзан пулс.
Иако научниците сметаат дека срцебиењето е генетски условено, заради тоа што се јавува и кај луѓето со добра физичка кондиција, сепак се препорачува секој човек да почне да практикува некаква физичка активност, да ја подобрат исхраната и да престанат да пушат.