Пеењето додека возите e заедничкo за сите. Истражувањето на јавното мислење на 2.000 британски возачи за тоа кои песни им се најомилени за пеење зад воланот покажало дека недвосмислено број еден е „Bohemian Rhapsody“ на групата „Квин“.
Втора е „Dancing Queen“ од групата АББА, па „Livin’ on the Prayer“ од Бон Џови, „I’m Gonna Be (500 miles) од „Проклејмерс“ и на петтото место се најде „Eye of the Tiger“, на Срвајвор.
Британците многу уживаат да ја пеат „Walking on Sunshine“, „Wake Me Up Before You Go Go“ на „Вем“, „Happy“ на Фарел Вилијамс, „Girls Just Wanna Have Fun“ на Синди Лопер и „I Gotta Feeling“ на „Блек ајд пис“.
Во истражувањето е откриено дека сите песни од првите 10 имаат пет заеднички работи кои веројатно се и причина зошто толку ги сакаат: јасна структура, ритам, хармонија, стихови и рефрен.
Ритамот на сите високопласирани песни поседува вид на „бит“ сличен на срцевиот пулс, сите хармонии се вртат околу три или четири акорди во дур, структурата на песната е логична и може да се антиципира што следува.
Сите стихови се едноставни со пораки што сите ги сфаќаме, а рефрените лесно се помнат. Но, експертите за сообраќај имаат предупредување.
Музиката помага во испуштање на хормонот за среќа допамин, а истовремено поттикнува одлетување на мислите и предизвикува емотивна реакција поврзана со одредена песна.
– Музиката може да го подобри расположението на начин како што може и ниското ниво на алкохол или дрога, истовремено може да ја намали концентрацијата зад воланот – вели сообраќајниот психолог Томас Вагнер.