Ракувањето на Вучиќ и Тачи во Тирана фотографија на денот во албанските медиуми

187
ФОТО: МИА

Според албанските медиуми фотографија на денот е на која српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот Хашим Тачи се ракуваат во Тирана, каде се одржува состанокот на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони.

На фотографјата е и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини.

Тачи, според медумите го одминал и не се поздравил со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговна, Милорад Додик.

На состанокот учествуваат и претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, на Словенија Борут Пахор, на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговна, Милорад Додик и членот на претседателството Шефик Џаферовиќ.

Претседателот на Северна Републка Македонија, Ѓорге Иванов, кој беше домаќин на Самитот минатата година, не присуствува на состанокот. Тој се заблагодари за поканата и како што наведува во писмото до лидерите на овој процес, „поради исклучително краткиот период пред крајот на мојот претседателски мандат и инаугурацијата на новиот претседател на Република Македонија, за жал не можам да учествувам на овој многу важен собир“.

Процесот Брдо-Бриони се одржува од 2010 година и секоја година настанот е во друга земја членка на процесот.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...