„Цедена“ од Лазаров преведена на српски

110

Минатогодишната стихозбирка „Цедена” од македонскиот поет Ристо Лазаров деновиве е објавена на српски јазик. Издавач на книгата е Задужбината „Петар Кочиќ” од Бања Лука, чиј главен уредник Никола Вуколиќ, вчера ја претстави и во Скопје, пред отворањето на Саемот на книгата.

За „Цедена” на Лазаров проф. Лидија Капушевска – Дракулевска напиша дека го сугерира парадоксот на пеењетo (живеењето) кои секогаш пулсираат некако помеѓу; помеѓу сериозното и обичното, возвишеното и баналното, универзалното и миговното, трагичното и убавото.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...