Уапсен вториот човек на опозицијата во Венецуела

104

Силите за безбедност на Венецуела го уапсија вториот човек на опозицискиот „конгрес“ Едгар Самбрано, по минатонеделниот неуспешен обид за воен удар.

Владата на Венецуела го прогласи Самбрано и уште осум припадници на опозициското движење за предавство на татковината и за поттикнување на бунт поради нивната улога во минатонеделните немири.

Врховниот суд на Венецуела вчера побара од Уставното собрание, провладино законодавно тело, мислење за отворање кривична постапка против опозициските пратеници. Собранието треба да утврди дали ќе биде можно да се истражи вина кај пратениците, вклучувајќи заговор, предавство и бунт.

Во април, Уставното собрание, на слично барање од Врховниот суд, одобри мерки, вклучувајќи и судење за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...