На барање на Собранието да даде мислење за Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2018 година, Владата врз основа на мислењето на Министерството за информатичко општество и администрација, подготвено во соработка со Министерството за финансии, утврди негативно мислење во однос на Годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2018 година, ако се имаат предвид финансиските показатели за работењето на ЈРП Македонската радио телевизија за 2018 година, кои се негативни со утврдена загуба од 26 милиони денари.
Освен тоа, Владата утврди мислење дека ЈП Македонска радиотелевизија не ги исполнила професионалните и етички новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето, што произлегуваат од Членот 111 од Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од препораките од извештаите на ЕУ за реформи за остварување на целосна независност на јавниот радиодифузен сервис.