Авион на лет од Париз до Мумбај исчезна од радар во близина на иранскиот регион Исфахан.
Флајтрадар24, кој го надгледува авиосообраќајот, соопшти дека е изгубен сигналот со леталото.
„Авионот АФ218 моментално не е во домет на Флајтрадар24. Или е вон покриеност или слетал“, се наведува во соопштението на Флајтрадар24.
Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија пред да исчезне над централен Иран.
Пред да се изгуби контактот, пилотот објавил „7700“ што укажува на општа опасност.
ОБНОВЕНО Портпарол на авиокомпанијата „ЕрФранс“ соопшти дека авионот кој летал од Париз до Мумбај итно слетал во Исфахан, Иран, поради безбедносни причини.
Авионот слетал безбедно.
Флајтрадар24, кој го надгледува авиосообраќајот, претходно соопшти дека авионот исчезнал од радар во близина на иранскиот регион Исфахан.
Флајтрадар24 подоцна објави дека според обновениот ред на летање на „ЕрФранс“, не се очекува авионот долго време да биде приземјен.
Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија. Пред да слета, пилотот објавил „7700“ што укажува на општа опасност.