Кое вино да го нарачате – со сарма се пие бело, а со ќебапи црвено вино

Според грубата поделба, црвеното вино оди со темното месо, а белото вино оди со белото месо.

233

Златното правило за спојување на храната и виното е „од каде што е храната од таму е виното“. Нека двете потекнуваат од иста земја и исто поднебје, советуваат винарите.

Така, на пример, со континенталните јадења одлично се спојуваат вината од тоа подрачје, па така со дивечот (темното месо) одлично се комбинира континентално црвено вино, а со сината риба одат медитеранските вина.

Според грубата поделба, црвеното вино оди со темното месо, а белото вино оди со белото месо (пилешко, риба…), шампањската служат за свечени пригоди, а слатките вина одат со слатки десертни јадења.

На пример, со сармата препорака е да се послужи бело вино, објаснуваат сомелиерите кои навеле правила за комбинирање на храната и виното. Но, истакнуваат дека тие препораки некому можеби нема да му одговараат.

Кое вино да го нарачате со поедини видови риба
Свинско месо
Со свинското месо одговара многу широк спектар на бели и црвени вина, помеѓу средни и интензивни. Изборот ќе зависи од начинот на приготвувањето на тие видови месо.

Јагнешко месо
Суви до благо полусуви вина со складно избалансирани киселини и благ остаток на шеќерот.

Телешко месо
Со телешкото добро одат одлежани бели вина.

Ќебапи и плескавици
Со плескавиците, ќебапите, уштипците и сличните јадења од мелено месо се препорачува црвено вино, но треба да се избегнуваат елегантни и нежни вина, бидејќи нема да се почувствуваат.

Печено месо
Со печеното светло месо и живината одат бели суви до полусуви вина.

Риба
Рибата бара бело вино, но тоа не е правило и зависи и од начинот на приготвувањето. Белата риба бара полесни, поминерални, свежи бели вина.

Морски плодови
Октоподот и полнетите лигњи одлично се согласуваат со црвените вина. Со морските плодови одговараат и сувите до полусуви розе вина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...