Легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг, кој по вторпат ќе дојде во Скопје и Македонија на 2 јуни ова лето, а информацијата ја потврдија од „Авалон продукција“.
„Драги пријатели, можеби во нашава држава многу работи се релативни, но една е кристално јасна. Само еден човек може да му биде специјален гостин на Стинг, на настанот Скопје колинг на Градски стадион, а тоа е нашата легенда Влатко Стефановски. Ова наше мислење го поддржа и менаџментот на Стинг. Па така, задоволство ни е да ви најавиме дека на 2 јуни, со почеток во 20 часот, на огромната сцена ќе биде Влатко Стефановски со своето трио“, се вели во официјалното соопштение на „Авалон продукција“.