Кина: САД ги зголемија тензиите околу нуклеарното прашање на Иран

114

Кина соопшти дека САД „дополнително ги влошиле” тензиите околу нуклеарното прашање на Иран.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг денеска истакна дека Кина го почитува тоа што Иран „строго го спроведува” нуклеарниот договор од 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп се повлече пред една година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска предупреди дека Иран ќе престане да се придржува кон одредени делови од нуклеарниот договор од 2015 година и им даде рок од 60 дена на другите потписници на спогодбата да ги исполнат своите обврски, особено во поглед на банкарскиот и нафтениот сектор.

Ганг рече дека Кина ги повикува сите засегнати страни да се воздржат од ескалација на тензиите.

Коментарот на Генг следува откако Вашингтон го пренасочи носачот на авион на Блискиот Исток, за да се соочи со неодредени закани од Техеран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...