На улиците на Њујорк снежната покривка изнесува 13 сантиметри. Снег падна и во северниот дел од Њу Џерси, а предупредувања за снежни врнежи се издадени и за западна Вирџинија и Масачусетс, изјави денеска метеорологот Џеј Ингл.
Поради снегот откажани се најмалку 39 летови од меѓународните аеродроми Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија.
Во Њујорк последен пат повеќе од 10 сантиметри снег во април имаше во 2003 година.
– Вообичаени температури за април се околу 12 степени Целзиусови, така што нема да помине долго време за да се истопи снегот. До среда во Њујорк се очекуваат 16 степени Целзиусови – наведе Ингл.