Заложничката драма во Тулуз заврши без жртви, напаѓачот се предаде

82

Четирите жени земени како заложници од вчера попладне до касните ноќни часови од страна на 17- годишно момче во продавница за тутун и цигари во Блањак, во близина на Тулуз, се ослободени „здрави и живи“. Нивниот грабнувач околу полноќ се предаде на силите на редот, јавува дописникот на МИА.

Една од заложничките, сопственичка на продавницата, изјави дека киднаперот се однесувал коректно со неа и нејзините вработени.

– Тој ни дозволи да пиеме и да јадеме, рече дека е од вооруженото крило на „жолтите елеци“ и дека ја нападнал продавницата за тутун и цигари, бидејќи тоа било многу одданочено место, а тој сака рамноправна Франција – изјави сопственичката на продавницата за француското радио.

Таа додаде дека лицето два пати пукало со пиштолот и дека тие биле врзани.

Киднаперот ја започна својата акција во 16 часот и 20 во минути во продавницата, која е многу посетена, бидејќи функционира и како бар.

Првата жена беше пуштена околу 20 часот, пред другите три да бидат ослободени околу еден час подоцна.

Заложници беа сопственичката на локалот и вработените.

Подоцна и напаѓачот се предаде без отпор.

– Ова младо момче им било познато на силите на редот поради насилств врз  полицијата, кражба, но и за неговото учество во декември на демонстраците на жолтитеелеци“, каде што тој беше уапсен – изјави обвинителот на Тулуз, Доминик Алзеари.

Тој додаде дека момчето во својот дом оставило писмо, од кое се гледа дека бил депресивен или загрижен за здравствената состојба.

– Во него тој алудира на движењето на „жолтите елеци“, но уверува дека делото што сака да го изврши не би го надминало овој пристап, што на крајот, сепак, излезе спектакуларно – рече јавниот обвинител, додавајќи дека момчето биде испрашувано 48 часа пред да биде претставен пред истражен судија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...