Христијанката од Пакистан која беше осудена на смрт, замина со децата во Канада

204
ФОТО: EPA / BIBI FAMILY / HANDOUT

Христијанката од Пакистан, Азија Биби, која беше осудена на смрт, замина со децата во Канада. Таа помина осум години чекајќи ја смртната казна поради богохулење, пред Врховниот суд да ја укине пресудата.

Исламски екстремисти во врска со нејзиниот случај се закануваа и правеа нереди. Тие повикуваа на соборување на Владата, бидејќи Биби беше ослободена. Многу од нив, поради заканите, се затворени.

Во Пакистан и самиот сомнеж на богохулење е доволен за осомничената личност да биде убиена.

ФОТО: EPA / BIBI FAMILY / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...