Лимузината на Путин од 140.000 евра „прошета“ низ Москва (ВИДЕО)

239
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Новата лимузина со подвижен покрив, наменета за претседателот на Русија, Владимир Путин, беше „провозена” низ улиците на Москва. Тоа беше, всушност, генерална проба пред парадата по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Руското возило „Аурус кабриолет” тежи шест тони, има В-8 мотор и во продажба ќе биде пуштено годинава. Ќе чини 140.000 евра. Името Аурус е сложенка од латинското име на златото (аурум) и „Русија“. Стручните списанија го опишуваат како копија на „Ролс-ројс”.

На пробата, лимузината се движеше меѓу војници кои маршираа.

Парадата ќе се одржи утре, кога трупите на Руската војска, традиционално, ќе маршираат на Црвениот плоштад.

ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...