Нова скулптура на Мајка Тереза од Башески

157

По повод историската посета на папата Франциск, во чест на Скопската бискупија при Римокатоличката црква, македонскиот скулптор и професор Жарко Башески ја збогати галеријата на споменот домот на добитничката на Нобелова награда за мир и светица во католичкиот свет, Мајка Тереза, со нејзина скулптура изработена во реалистичен манир, карактеристичен за Башески.

– Скулптурата која ја оживеа професорот Жарко Башески „Света Мајка Тереза“ поседува бесценета вредност за нас кои работиме, константно ја градиме и пренесуваме приказната за Мајка Тереза. Реакциите кои што ги посведочивме од самите посетителите и убавите зборови се од големо значење, како и восхитот и воодушевувањето од реалноста и деталноста на скулптурата. Ова уметничко дело е од огромна важност за нас и сериозно ја зголемува привлечноста на понудата на Спомен Куќата на Мајка Тереза за идните домашни, но и странски посетители – вели Ариан Асланај, директор на НУ Спомен Куќа на Мајка Тереза.

За Башески се својствени изработките во реалистичен и хиппералистичен манир, а еден од главните материјали користени и за ова дело е силиконот, кој во комбинација со полимер исклучително придонесува за реалниот впечаток на оваа скулптура, која отсега ќе биде дел од галеријата на Меморијалниот центар.

Жарко Башески е македонски скулптор, професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и дел од Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Се вбројува меѓу најдобрите светски хиперреалисти, а покрај самостојните домашни изложби, неговите дела се дел од реномирани интернационални изложби во Европа и светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...