Талибанците презедоа одговорност за нападот во Пакистан

38

Огранок на талибанците презеде одговорност за експлозијата што се случи во близина на големиот суфиски муслимански храм во градот Лахоре, при што загинаа најмалку девет луѓе.

Пакистанската полиција соопшти дека цел на нападот било полициско возило.

Талибанците тврдат дека нападот го извршиле во време кога во близина на полицијата немаше цивили.

Експлозијата се случи во близина на храмот Дата Дарбар, едно од најстарите муслимански светилишта во Јужна Азија, додека внатре биле стотина верници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...