Осуммина загинаа при експлозија во Пакистан

31

Најмалку осум лица загинаа при експлозија во близина на големиот суфиски муслимански храм во градот Лахоре, соопшти пакистанската полиција.

Експлозијата се случи во близина на храмот Дата Дарбар, едно од најстарите муслиманки светилишта во Јужна Азија, додека внатре биле стотина верници.

При експлозијата, уништено е и полициско возило, кое било цел на нападот.

Засега, никој не презел одговорност за нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...