Деветти Филозофски Филмски Фестивал во Кинотека

228

Годинава Филозофското друштво на Македонија го организира 9. Филозофски Филмски Фестивал по трет пат со интернационална димензија. Главната програма на ФФФ ќе се одржи од 9 до 16 мај, во Кинотеката на Македонија со учество на повеќе домашни и интернационални гости – филозофи, професори, истражувачи, режисери.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Градот Скопје. Соработници на Фестивалот се Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Кинотека на Македонија, МКЦ Скопје, како и три филмски академии: ЕФТА и ФДУ од Скопје и Филмската академија при УГД Штип.

Во реализацијата на годинешните активности значаен придонес имаат и: Гете-институтот Скопје, Францускиот институт во Скопје, Италијанската амабасада во Скопје, како и многу други партнери, спонзори и пријатели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...