40.000 луѓе се евакуирани поради поплавите низ Парагвај

24

Околу 40.000 луѓе се евакуирани поради поплавите низ Парагвај, изјавија официјални лица од оваа јужноамериканска земја.

Официјалниот претставник на Националната служба за вонредни состојби, Хоакин Роа, соопшти дека над 10 000 луѓе се евакуирани во главниот град, Асунсион, објави АП.

Останатите евакуирани лица се распоредени низ целата земја, по должина на надојдените реки на Парагвај.

Нормалниот водостој на реките во Парагвај е 4 метри, но сега достигна 6,92 метри во главниот град, поради невообичаено обилните дождови кои паѓаат од март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...