Шампањско, јастози и џакузи – вака изгледа собата во која се породи Меган Маркл ФОТО

Во болницата Портланд, како што пишуваат странските медиуми, работат најдобрите стручњаци па многу ВИП мајки се одлучуваат токму за оваа установа.

703
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Меган Маркл во последен час донела одлука да се породи во луксузната болница во која ноќ чини 15.000 фунти, но, како што пренесуваат странските медиуми доколку се одлучила за шампањско и јастози за вечера, цената достигнала и 20.000 фунти за вечер.

Во болницата Портланд, како што пишуваат странските медиуми, работат најдобрите стручњаци па многу ВИП мајки се одлучуваат токму за оваа установа кога се во прашање нивните породувања како и грижата за децата. Никому не му е чудно тоа што и Меган и Хари се одлучиле за овој потег.

Освен собите за родилката, во високата цена е вклучен и дополнителен апартман за семејството и посетителите кои можат да ги посетуваат мајката и бебето.
Најевтиниот пакет во болницата чини 15.000 фунти, а странските медиуми наведуваат дека некои мајки, во зависност од времето кое го поминуваат во болницата, потрошуваат и до половина милион.
Славеничкиот оброк наменет за мајките содржи јастог, шампањаско, школки, луксузен Foie Gras (направаен од црн дроб од патка)…

FOTO: Printskrin/Dailymail

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...