Израел и ОН се договорија за африканските бегалци

Израел и Агенцијата на ОН за бегалци постигнаа договор, според кој околу 16.000 Африканци кои бараат азил во Израел.

254

Израел и Агенцијата на ОН за бегалци постигнаа договор, според кој околу 16.000 Африканци кои бараат азил во Израел, ќе бидат упатени во западните земји.

Во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека со договорот автоматски се поништува израелскиот план за враќање на мигрантите во Африка.

Претходно, израелската Влада им даде рок на мигрантите до 1 април да ја напуштат земјата и да заминат во неименувана африканска држава, за што ќе им беа дадени по 3.500 долари и авионски билет. Во спротивно, се предвидуваше, да бидат затворени на неодредено време.

Од тие причини, беа одржани повеќе протести на Африканците, најголемиот дел од Еритреја и од Судан, кои во повеќе наврати потенцираа дека го почитуваат Израел, но стравуваат од протерување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...