Во Метрополитен музејот во Њујорк, синоќа се одржа најпрестижниот моден настан Мет гала, во организација на славната уредничка на магазинот „Вог“, Ана Винтур.
Темата на овогодинашната Мет гала беше „Камп“, односно, во овој контекст всушност е „камп концепт“. Терминот го воведува авторката Сузан Сонтаг во еден свој есеј во 1964 година и значи љубов кон театралност, нешто што е неприродно и преувеличано. Во модна смисла претставува намерно претерување и драматичност во стилот, обично со хумористичен ефект.
Во прилог на тоа, некои од најголемите ѕвезди на денешницата учествуваа на оваа гала вечер. А некои од нив и буквално изгледаа театрално и драматично.
Една од нив беше секако пејачката Кети Пери, која пристигна облечена во лустер, а ист таков лустер носеше и на главата. Контроверзниот, но исклучително талентиран актер и музичар, Џаред Лето, ја носеше „својата глава“ в раце, Леди Гага се соблече по гаќи среде црвениот тепих, Ники Минаж ја носеа како Клеопатра…