Познатата македонска пејачка Маја Саздановска, пред пет години доживеа семејна несреќа, кога го изгуби нејзиниот сопруг Саша.
Еден нивен пријател со фотографија од нивната свадба, емотивно се присетил на Саша.
„Нему на некое место во Космосот, Саше му беше потребен“, напишал тој.
„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката, изјави Маја Саздановска за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Саздановска го изгуби животниот партнер Саша само девет месеци по раѓањето на нивната ќерка.