Претседателот на Кипар, Никос Анастасијадис, го осуди турскиот обид за дупчење во водите на тој остров во потрага по природен гас и го нарече „втора инвазија“ од страна на Турција.
Тој додаде дека таквото однесување на Турција не е во согласност со меѓународното право, и дека создава „непремостливи препреки“ за повторно отворање на разговори со цел обединување на етнички поделениот Кипар.
Анастасијадис нагласи дека нема да има нови разговори се додека островот е под закана.
Кипар е поделен од 1974 година по турска инвазија како одговор на државен удар на островот.
Турција не го признава суверенитетот на Кипар и тврди дека кипарската Влада со потрагата по гас ги крши нејзините права и правата на кипарските Турци.