Поради топлес фотографиите на Џенифер Анистон, мажите добија тахикардија ФОТО

Нашите тела се прекрасни и сметам дека нивното славење и чувството на удобност, без оглед на годините, е битно.

5162

По повод промоцијата на новата акциона комедија „Мистериозно убиство“ во која глуми рамо до рамо со актерот Адам Сендлер, славната Џенифер Анистон се најде на насловната страница на магазинот „Харперс базар“, каде во големо интервју зборувала и за својот љубовен живот со мноштво провокативни фотографии.

– Се чувствувам сосема нормално позирајќи топлес. Нашите тела се прекрасни и сметам дека нивното славење и чувството на удобност, без оглед на годините, е битно. Поради своето тело никогаш не би требало да се срамиме или да се чувствуваме непријатно – рекла Џенифер по повод фотографиите, кои кај мажите предизвикале бурни реакции.

Иако во моментот не се наоѓа во љубовна врска, Џенифер признала дека е отворена за нова љубов, но не планира да ја бара на постоечките апликации за запознавање.

– Мојот фокус веќе извесно време е насочен кон кариерата, затоа состаноците и врските не се мој приоритет. Верувам дека романтиката, како и да изгледа таа, ќе се појави сама, а не кога ја бараш – признала Џенифер.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...