Загадувањето на краците Касандра и Ситонија на Халкидики донесе нова давачка за туристите – еколошка такса која ќе се плаќа во летните месеци.
Наплатна рампа е поставена во близина на туристичкото место Неа Муданија, а наскоро ќе бидат отворени и на алтернативните влезови за Ситонија.
Овој надомест ќе се плаќа во периодот од 1 мај до 1 октомври и тоа по следните основи:
– за мотоцикли – 3 евра
– за патнички автомобили – 5 евра
– за автобуси – 10 евра
– за камиони – 12 евра
Во прилог на ова, исто така ќе има и еколошки данок по лице од 1 евро.