Леди Гага подготвена за вечер, ќе се појави со влакна на нозете ФОТО

Контроверзната пејачкат истакнала дека не сака да се издепилира, бидејќи таквите нозе придонесуваат за нејзиниот изглед.

745
ФОТО: Инстаграм

Леди Гага (33) е една од домаќините на овогодишниот најважен моден настан „Мет Гала“, кој ќе се одржи вечер во Метрополитен музејот во Њујорк.

По тој повод, пејачката долетала во Њујорк со својот приватен авион, а додека била во авионот, позирала и објавила неколку фотографии на социјалните мрежи.

Како и секогаш, Леди Гага и овојпат имала интересен стајлинг. Популарната пејачка го искомбинирала фустанот со интересен дезен со карирана зелена кошула што ја врзала околу половината. Сепак, нејзината поза која во прв план ѝ ја истакнувала ногата и описот на фотографијата предизвикале бурни реакции.
Па што предизвикало толкава помпа на Инстаграм?

Пејачката истакнала дека не сака да се издепилира, бидејќи таквите нозе придонесуваат за нејзиниот изглед.

„Мет Гала, пристигнуваме! Многу сум возбудена што сум една од водителките на настанот на Ана. (И не ги избричив нозете четири дена, што навистина ми го надополнува изгледот.)“, напишала Леди Гага под фотографијата на која ги покажува своите неизбричени нозе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...