Воспалението на мочниот меур предизвикано од бактерии се нарекува цистит. Симптоми на ова заболување се честото уринирање, печење при уринирање, чувство на непријатност и притисок над срамната коска. Многу често при уринирање, особено при крај на малата нужда, се јавува остра болка, а понекогаш и крв, односно гној во урината.
Циститот најчесто се лекува со антибиотици. Каков вид на антибиотик треба да примате, зависи од вашето целосно здравје и тоа дали сте алергични на некои антибиотици. Најчесто симптомите исчезнуваат по три дена примање на антибиотици.
За да го намалите дискомфортот од непријатните симптоми, можете да ги следите следните совети:
– Топло перниче. Понекогаш ако поставите топло перниче на долниот дел од стомакот, тоа може да го намали притисокот на мочниот меур и болката.
– Многу течности. Пијте многу течности, но избегнувајте кафе, алкохол и газирани сокови кои содржат кофеин и сок од цитруси, додека не исчезнат симптомите.
– Внесувајте витамин Ц. Внесувајте храни кои го содржат овој витамин.
– Не консумирајте солена и зачинета храна. Додека се присутни симптомите на цистит, не треба да консумирате зачинета и солена храна.
– Консумирајте увин чај, како и чај од магдонос или од пченична свила. Овие напивки се одлично средство за лекување на уринарниот тракт. Имаат антибактериско дејство и ги уништуваат бактериите и вирусите. Чајот од магдонос е одличен за чистење на организмот и исфрлање на вишокот на течност, а со тоа е одличен лек против уринарни инфекции.