„Авалон продукција“ на својот Фејсбук-профил објави дека решиле да ја прекинат соработката со бендот „Дупер“, откако од непознати причини членовите на групата ѝ дале отказ на тапанарката Мартина.
„Почитувани, поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер и даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци“, пишува во објавата на Авалон.
Со песната „Не сум твој тип“, групата „Дупер“ инстантно се проби на македонската музичка сцена како освежување и поразлични од останатите. Потоа следеа и успешните „Тело на за ТВ“ и „Ние сме 2“.