Нови детали од истрагата: Турчинот кој го усмрти Шабан Шаулиќ бил под дејство и на дрога

Во текот на истрагата, недвосмислено е потврдено дека на 17 февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и дрога (канабис).

1005

Турчинот Алсин Левент (35), кој на 17 февруари предизвика сообраќајна несреќа во која загина фолк пејачот Шабан Шаулиќ и понатаму се наоѓа во истражниот затвор.
Според последните информации, Алсин Левент во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол и дрога, пренесува српски „Блиц“.

– Во текот на истрагата, недвосмислено е потврдено дека на 17 февруари 2019 година бил под дејство на алкохол и дрога (канабис) – рекол државниот обвинител од Билефелд Кристоф Макел, пренесува „Новости“.

Возачот на „мазда“ Алсин Левент беше обвинет за убиство од небрежност и под итна постапка беше спроведенн во истражниот затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...