Концерт на Светскиот ден на хармониката

100
Во камерната сала на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе биде одржан свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката, во организација на здружението „Љубители на класичната музика” од Скопје.
На концертот ќе настапат музичари, како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата се дела од Золотарјов, Моцарт, Верди, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Хермоса, Пјацола… 

Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласи 6 мај за Светски ден на хармониката затоа што на тој датум во 1829 година е патентиран овој музички инструмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...