Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска издаде наредба за интензивирање на нападите на израелските сили врз екстремистите во Покасот Газа.
– Им наредив утрово на Одбранбените сили на Израел да продолжат со масивните напади врз терористите во Појасот Газа и дадов инструкции силите околу Појасот да бидат зајакнати со тенкови, артилерија и пешадија – истакна Нетанјаху.
Судирите помеѓу израелската армија и палестинските сили продолжија и синоќа, а во изминатите 24 часа истрелани се над 400 ракети врз Израел. Во знак на одмазда израелските авиони нападнаа цели ширум Појасот Газа.