Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.
Пацифичкиот центар за предупредување за цунами, кој е поврзан со американскиот институт и Јапонската метеоролошка агенција не издадоа предупредување за цунами по земјотресот.
Епицентарот на земјотресот, кој го погоди брегот, беше 59 километри под површината, во морето во близина на крајбрежниот град Немуро, на источниот дел на островот, се додава во соопштението на Геолошкиот институт.