Претседателот на Шри Ланка, Матрипала Сирисена изјави дека безбедносните сили ќе го искоренат тероризмот и ќе воспостават стабилност пред претседателските избори кон крајот на годината.
Тој вети дека ќе бидат изведени пред лицето на правдата сите екстремисти поврзани со самоубиствените напади на хотели и цркви за време на католичкиот Велигден, во кои беа убиени над 250 лица.
– Изборите не можат да се одложуваат. Значи, до изборите ќе ја доведам земјата до стабилност и ќе го искоренам тероризмот – истакна тој.
Сирисена посочи дека веќе се идентификувани сите активни членови на групата и оти следен чекор е нивно апсење. Тој вели дека уште 25 до 30 „активни членови“ поврзани со бомбашките напади се на слобода и оти верува дека терористичката „Исламска држава“ стои зад нападите од 21 април.
Photo: EPA / M.A. PUSHPA KUMARA