Мадуро кон војската: Бидете подготвени да ни ја заштитите татковината од САД

144
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги повика вооружените сили на земјата „да бидат подготвени” за евентуална американска офанзива против таа јужноамериканската земја.

Во обраќањето до војската во една воена база, Мадуро рече дека војниците „треба да бидат подготвени да ја заштитат татковината со оружје в раце доколку еден ден американската империја се дрзне да ја допре суверената територија, светата земја“. 

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вчера рече дека разгледува странска воена интервенција како крајна мерка за соборување на Владата на претседателот Николас Мадуро.

– Не отфрлам воена интервенција, затоа што сосема е јасно за што се работи во режимот на Мадуро – изјави Гуаидо за бразилскиот весник „Фола де Сао Пауло“.

„Но тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да олесниме мирна транзиција“, додаде тој.

Во судирите меѓу опозицијата и полицијата кои траат од вторникот, според податоци на невладини организации, досега загинале четири лица, а околу 300 се повредени.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...