Ердан: Ердоган е терорист, Израел треба да дејствува против Турција

Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.

292

Израелскиот министер за јавна безбедност Гилад Ердан го нарече претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган „антисемитист“.

– Антисемитистот Ердоган продолжува да го поддржува Хамас, изјави Ердан за израелското воено радио.

Тој изрази жалење што во 2016 година гласал за договорот нормализација на билатералните односи, кои беа нарушени во 2010 година кога израелски командоси упадна на брод, што превезуваше помош за Појасот Газа и убија десет турски пропалестински активисти. Договорот за нормализација во повеќе наврати е прекршен.

Ердан изјави и дека Израел треба да дејствува против Турција „во меѓународната арена и Анкара треба да го признае геноцидот над Ерменците, што го изврши Отоманската империја“. Тој исто така посочи дека Турција е „земја каде се убиваат Курдите и се држи под окупација Северен Кипар, а на Запад е прифатена како легитимна држава“.

– Мораме да се спротиставиме на непријателството и антисемитизмот на Ердоган. Секјој кој го држи под окупација Северен Ирак, ги напаѓа Курдите, масакрира цивили во Африн, не би требало да не учи на моралност и вредност, посочи Ердан.

Изјавата на израелскиот министер за јавна безбедност е уште една во низата обвинувања помеѓу израелските и турските претставници.

Ердоган вчера го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е „терорист“, а Израел терористичка држава.

– Еј, Нетанјаху, Вие сте окупатор и како окупатор сте на тие територии и во исто време сте терорист, изјави Ердоган пред приврзаниците во Адана. Не е потребно да му кажам на светот колку е сурова војската на Израел. Можеме да видиме што прави терористичка држава, ако ја набљудуваме ситуацијата во Газа и во Ерусалим, посочи Ердоган, додавајќи оти Израел изврши масакр во Газа.

Нетанјаху, претходно го нападна Ердоган поради неговите критики на израелскиот одговор на масовните протести на Палестинците на границата на Појасот Газа.

– На најморалната армија на светот нема да му држи лекции некој, кој со години бомбардира цивилно население, наведе Нетанјаху.

Ердоган и во саботата остро ја осуди израелската Влада за нејзиниот „нехуман напад“, алудирајќи на убиството на 15 палестински демонстранти во петокот на границата на Појасот Газа со Израел.

– Израел ќе ги стави Палестинците во затвор со своето угнетување. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина, наведе Ердоган.

Десетици илјади Палестинци во петокот во Појасот Газа почнаа шестнделен протест со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата со Израел. Организатор на протестот е Хамас. Но, протестот набрзо прерасна во насилство, кое беше осудено од генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, кој побара независна истрага. И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара да се спроведе истрага за употребата на боева муниција за време на палестинските демонстрации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...