Складиштето е останато од Првата светска војна и е нарекувано „гробишта за оружје“. Се верува дека таму има 35 илјади тони неексплодирани бомби, артилериски и други гранати. Оружјето, кое припаѓало главно на германската страна, затрупано е во контејнери исполнети со цемент на длабочина од 2.000 метри.
Меѓутоа сега се појавија стравувања дека преостаната муниција би можела да создаде нови проблеми, бидејќи на брегот се пронајдени траги од иперит и експлозив ТНТ. Белгискиот министер за Северното Море Филип де Бакер изјави дека траги од експлозив и отров се пронајдени на две, одделни локации.
Локалните власти инсистираат областа да се исчисти веднаш, пред да се зголеми истекувањето на отровот.
ФОТО МИА