Авион се лизна во река од пистата на Флорида

Светските агенции пренесуваат дека авионот бил во плитка вода и не е потопен, сите патници се живи, а 21 лице се пренесени во локални болници во добра состојба.

262
FOTO MIA

Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизна од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидентот нема загинати и повредени, соопштија локалните власти.

– Авионот „Боинг 737“, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во Куба, се лизна од пистата во реката Сент Џон, наведоа од Базата.

Канцеларијата на шерифот во Џексонвил објави на Твитер дека морнаричката единица веднаш пристигнала напомош.

Светските агенции пренесуваат дека авионот бил во плитка вода и не е потопен, сите патници се живи, а 21 лице се пренесени во локални болници во добра состојба.

Градоначалникот на Џексонвил, Лени Кари објави на Твитер дека стручни тимови работат за да спречат излевање на гориво од авионот во реката.

ФОТО МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...