Руската амбасада со протестна нота до Вашингтон поради Бутина

144

Руската амбасада во САД денеска испрати протестна нота до американскиот Стејт департмент во врска со пресудата на американскиот суд во случајот на Русинката Марија Бутина.

– Во врска со незаконската судска пресуда испратена е протестна нота до Стејт департментот. Бараме од американските власти да обезбедат заштита на правата и законските интереси на нашите сонародници во согласност со меѓународните норми за човекови права, се наведува во соопштение од руската амбасада.

Од Амбасадата додаваат дека руски дипломати ја посетиле Бутина во затворот.

– И покрај неправедната и строга пресуда донесена на 26 април, нашата сонародничка затворската казна ја поднесува достоинствено, се додава во соопштението на руската амбасада во САД.

Бутина е осудена на 18 месеци затвор.

Судијата Тања Чуткан го игнорираше барањето на одбраната на Бутина да биде осудена на казна еднаква на таа што веќе ја помина во притвор.

Бутина во декември се изјасни за виновна и призна дека работела како руски агент во САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...