Седум мигранти, од кои пет деца, загинаа откако потона брод во близина на Турција

62
ФОТО: МИА

Седум луѓе, од кои пет деца загинаа откако брод, со кој се превезуваа мигранти, потона во близина на југозападниот брег на Турција.

Турската крајбрежна стража соопшти дека на бродот имало вкупно 17 мигранти. Петмина од нив се спасени, а по пет сѐ уште се трага.

Турција во 2015 година стана една од главните точки на поаѓање на мигрантите преку Средоземно Море во обид да пристигнат до земјите членки на Европска Унија. Таквиот тренд беше драстично намален една година подоцна со Договорот помеѓу Анкара и ЕУ за миграцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...