ЕЛЕМ ќе се справи со човекот кој ширеше лажни вести

Од ЕСМ, информираат дека писмено ќе се обратат до надлежните институции со прашање дали за лицето е отворена постапка за овој или за некој друг случај, како и да ги информира институциите дека компанијата стои на располагање за сите потребни податоци и дека целосно ќе соработува во врска со наведениот случај.

1412

ЕЛЕМ ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање за утврдување дали вработен во компанијата е креатор на интернет портали во странство преку кои ширел наменски лажни вести, како и дали за наведеното дејство го злоупотребил работното место, работното време и службените ресурси.

„Во врска со случајот на лицето вработено во АД ЕСМ кое според информациите добиени од средствата за јавно информирање, е креатор на интернет портали во странство преку кои се ширеле наменски лажни вести, АД ЕСМ ја информира јавноста дека ќе ги преземе сите мерки кои и стојат на располагање на компанијата согласно Законот за работни односи и согласно внатрешните акти и правилници за да се утврди дали вработениот за наведеното дејство го злоупотребил работното место, работното време и службените ресурси“, информираат од ЕСМ.

Од ЕСМ, информираат дека писмено ќе се обратат до надлежните институции со прашање дали за лицето е отворена постапка за овој или за некој друг случај, како и да ги информира институциите дека компанијата стои на располагање за сите потребни податоци и дека целосно ќе соработува во врска со наведениот случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...