Во Германија затворен нелегалниот „Вол стрит маркет“ и уапсени тројца мажи

145

Германската полиција затвори еден од најголемите сајтови за илегална онлајн трговија во т.н. темна мрежа  (Даркнет) и уапси тројца мажи за незаконско управување, соопштија обвинителите.

Операцијата на Интерпол, холандската полиција и ФБИ доведе до апсење на двајца големи увозници на нелегални наркотици во САД.

Незаконското сајт „Вол стрит маркет” дозволувал продажбата на кокаин, хероин, марихуана и амфетамини, како и украдени податоци, лажни документи и малициозен софтвер.

Криптираната платформа имала повеќе од еден милион кориснички профили, повеќе од 5.000 регистрирани продавачи и повеќе од 60.000 огласи за продажба, соопштија обвинители во Франкфурт.

На интернет страницата можело да се влезе преку криптирана Тор мрежа за да ги заштити клиентите од откривање, а трансакциите се исполнувале преку криптовалутите Биткоин и Монеро.

Менаџерите на страницата добивале провизија од 2 до 6 проценти од вредноста на продажбата.

Германската полиција уапси тројца осомничени на возраст помеѓу 22 и 31 години на 23 и 24 април.

Запленети се сервери, 550.000 евра во готовина и илјадници во Биткоин и Монеро, неколку возила и пиштол.

Полициската операција започна откако финската полиција претходно оваа година затвори нелегална интерет страница Силккитие (Валхала).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...