Тајландската авиокомпанија Таи Ервејз воведе нови регулативи, според кои секој човек чиј обем на струк е поголем од 142 сантиметра, не може да седи во бизнис класата на патнички авион.
Сето тоа е поради новите безбедносни појаси и воздушни перничиња, па неопходно е да се исполнат стриктните барања со цел патниците да имаат поголеми шанси да преживеат во случај на ненадејно понирање.
Така, патниците чии обем на струк е над 142 сантиметра, не можат да го врзат појасот.
Вообичаено е покрупните патници да добијат продолжен појас, но воздушните перничиња мора да бидат центрирани преку струкот поради поголема безбедност и ефикасност.
„Воздушното перниче служи за заштита на главата, вратот и трупот на телото, но продолжен појас ќе значи помала заштита“, стои во соопштение на компанијата „Ем Сејф” од Аризона, која ги произведува перничињата.
Спорред новите правила, исто така, на родителите им е забрането да држат бебе во скутот.
ФОТО: EPA, SEBASTIAN KAHNERT