Трамп ја номинираше Крафт за амбасадорка на САД во ОН

67

Американскиот претседател Доналд Трамп и формално пред Сенатот ја номинираше Кели Крафт за следен американски амбасадор во Обединетите нации. Таа досега беше амбасадор во Канада, на која позиција беше избрана во 2017 година.

По оставката на актуелната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, Трамп првично за нејзина наследничка ја номинираше портпаролка на Стејт департментот Хедер Нојерт, но откако таа ја одби кандидатурата во февруари, тој ја избра Крафт за таа функција.

– Без никаков сомнеж, под нејзино раководство, нашата земја ќе биде претставена на највисоко ниво – напиша тогаш Трамп на Твитер за Крафт.

Инаку, Крафт е од Кентаки и беше членка на американската делегација во Генералното собрание на ОН за време на администрацијата на претседателот Џор Буш помладиот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...