Мајката Алис Мартин се шокирала кога го соблекла своето 15-месечно дете за да го пресоблече откако го земала од градинка.
Ќеркичката оди во градинка во градот Тусон во американската сојузна држава Аризона, а кога мајката дошла по неа, воспитувачките ништо не ѝ рекле.
Што се случило тој ден во градинката сфатила дури откако дошла дома и почнала да ја пресоблекува својата ќерка. Девојчето имало повеќе од 25 угризи по грбот.
– Желудникот ми се преврте кога ја соблеков ќерка ми и ги видов црвенилата. Бев бесна и тажна во исто време. Во првиот миг не можев да верувам дека тоа се траги од гризење. Имаше повеќе од 25 угризи – раскажала Алис за локалните медиуми.
Мајката веднаш го пријавила случајот во полиција, а тамошните власти го истражуваат. Таа се надева дека властите ќе преземат нешто за да не се случи и на некое друго дете.