Австралиската влада планира да ликвидира 2 милиони мачки, награда од 10 долари за секоја убиена мачка

Владините функционери исто така ги заробуваат и убиваат мачките со помош на огнено оружје.

1168
ФОТО: Pexels / Бесплатна фотка / не пишувај ова не мора

Австралиската влада почнала да испушта од воздух отровни колбаси врз преку илјада хектари земја во обид да убие два милиони диви мачки, пишува „Њујорк тајмс“.

Тоа е само една од тактиките која владата ја користи како дел од планот да убие два милиони диви мачки до 2020 година за да ги заштити автохтоните видови.

Владините функционери исто така ги заробуваат и убиваат мачките со помош на огнено оружје.

Како што наведува „Њујорк тајмс“ мачките умираат во рок од 15 минути откако ќе ги изедат колбасите направени од месо од кенгур, пилешко, билки, зачини и отров.

Авионите кои ја дистрибуираат отровната храна, која се произведува во фабрика во близина на Перт, фрлаат околу 50 колбаси по километар во областите каде што мачките живеат.

Освен со тру­ење, пла­ни­ра­ат и да пу­ка­ат во мач­ките, а гра­ѓа­ни­те што ќе го нап­ра­ват тоа, ќе би­дат наг­ра­дени. Ед­на уби­е­на мач­ка ќе вре­ди де­сет аме­ри­кан­ски до­лари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...