Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на Кристијан Диор ВИДЕО

На пистата, покрај моделите, сосема неочекувано се појавила мачка која ноншалантно прошетала.

243

Во текот на модната ревија на Кристијан Диор Круз во Маракеш, Мароко, на огромната модна писта се појавил ненајавен гостин.

На пистата сосема неочекувано се појавила мачка која ноншалантно прошетала.

Мачката се појавила во моментот кога сите модели на завршувањето на ревијата излегле на сцената, но симпатичното животно „им го украло шоуто“.

Мачката се движела во спротивната насока од моделите, кои носеле долги елегантни фустани, држејќи се упорно на својата насока и пробивајќи се кон публиката која воодушевено ја снимала оваа глетка.

ФОТО: Скриншот/Јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...