Вечер на кратки фимови во Куманово

51

Вечер на кратки македонски филмови во организација на фестивалот за краток филм „Drim Short“ и Здружението за култура и уметност „Арт-Манија“, а во соработка со Центарот за култура ќе се одржи вечерва во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Кратките филмови на програмата се во режија на млади македонски режисери и обработуваат теми од секојдневието.

Според организаторите нивната цел е што повеќе да ја афирмираат кратката филмска форма кај нас, а со тоа да се промовираат младите автори и да се врати кино програмата во градовите каде изумрела. Освен тоа, додадена вредност на програмата е нејзиниот едукативен карактер што произлегува од самите пораки со кои филмовите ги заокружуваат своите приказни.

За престојниот период организаторите најавуваат и други активности од различни области со кои ќе ја зајакнат културната понуда во градовите низ државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...