Постојат попречни мислења за консумирање на јогуртот, сурутката или свежото сирење, кога е во прашање инфекцијата со Хеликобактер пилори. Дали и што да се консумира од овие производи?
На почетокот на 20. век беа дадени препораки на базата на млекото во комбинација со антцидите за лекување на гастроинтенстиналниот чир, втемелено на начелото дека млекото ќе обезбеди алкализација на желудникот и ќе ја ублажи болката.
Денес млекото не се препорачува поради значителниот ефект на млекото врз последователната секреција желудачната киселина.
Што се однесува до млечните производи, постојат индикации во научните истражувања дека млекото и млечните производи може да имаат заштитни ефекти против инфекацијата со Хеликобактер пилори, поточно се покажало дека пробиотиците врз база на ферментирано млеко (говедски лактоферин, имуноглобулин збогатен со α-лакталбумин и протеини од сурутка), поволно дејствуваат на лекувањето на Хеликобактер пилори.
Поради ограничените податоци, потребни се повеќе истражувања за да се одредат точните состојки и количини кои можат да помогнат. Од млекото и млечните производи слободно може да се консумираат ферментирани млечни производи (кефир, ацидофил, јогурт) и свежо посно сирење. Она што треба да се избегнува и што може да ги влоши симптомите е полномасно млеко, остри, чадени и суви сирења, топени сирења и чоколадно млеко.